logo
logo
logo

Адвокатите на Асанж ја тужат ЦИА

Vecer | 16.08.2022

Адвокатите на Асанж ја тужат ЦИА

Адвокатите и двајцата новинари кои се приклучија на тужбата се Американци и тврдат дека ЦИА им го прекршила уставното право на заштита на приватни разговори, во случајов со Асанж, кој е Австралиец.

Тие тврдат дека ЦИА соработувала со безбедносната компанија Undercover Global, која била ангажирана од амбасадата на Еквадор во Лондон каде се криел Асанж, за да го шпионира него, како и неговите адвокати, новинари и други луѓе со кои се сретнал.

Според адвокатот Ричард Рот, кој ги застапува тужителите, тоа значи дека правото на Асанж на правично судење е „повредено, ако не и ништовно“, бидејќи „владата ја знае содржината на тие разговори“.

Асанж ја обжали одлуката на британскиот суд да го екстрадира во САД, каде што се соочува со затворска казна до 175 години. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk