Абе: Ќе потпишеме мировен договор со Русија

Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска изрази надеж дека Јапонија и Русија ќе го решат територијалниот спор што го имаат и ќе потпишат мировен договор врз основа на довербата што ја создадоа двајца водачи.

„Ние ќе го решиме територијалното прашање и ќе потпишеме мировен договор, врз основа на довербата што ја изградивме претседателот Владимир Путин”, рече Абе по разговорите со рускиот претседател.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари