Француската прва дама Брижит Макрон е регистрирана под машкото име „Жан-Мишел“ на официјалниот даночен портал на Република Франција.
Овој скандал беше откриен во документарен филм на BFMTV, објавува Caliber.az.
Наместо нејзиното официјално име, во системот се појави машки идентитет. Во документарецот се наведува дека грешката не била од техничка природа, туку резултат на надворешна манипулација со податоци.
Поради ова, Елисејската палата веднаш поднесе пријава, а француската полиција идентификуваше две лица кои се поврзани со оваа нелегална регистрација во државната база на податоци.
Со години е мета на теории на заговор за раѓањето и полот

Теориите дека Брижит Макрон наводно е родена како маж циркулираат од 2022 година. Првата дама активно се бори против лагите и покренува бројни тужби за клевета.
Во март 2024 година, францускиот претседател Емануел Макрон лично го отфрли ширењето на гласините и јасно рече:
- Тие тврдења се целосно лажни и длабоко навредливи - рече Макрон и нагласи дека ваквите инсинуации го налутиле.
Медиумската личност Амандин Роа и новинарката Наташа Реј, кои ги ширеа овие тврдења преку видео материјали, веќе се појавија на суд. Во јуни 2024 година, судењето започна во Париз, а во септември беа осудени и казнети со 13.500 евра.
Макронови ја тужеа и американската коментаторка Кендис Овенс, додека, според медиумите, нивниот правен тим ангажирал приватни истражители кои собираат дополнителни докази.
За да ги избрише сите теории на заговор засекогаш, Брижит Макрон планира да се подложи на генетски тест што би го потврдил нејзиниот женски биолошки идентитет.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата