logo
logo
logo

Испливаа детали од кавгата помеѓу Вилијам и Хари: Дали Меган е отровен додаток на кралското семејство?

Vecer | 29.11.2021

Испливаа детали од кавгата помеѓу Вилијам и Хари: Дали Меган е отровен додаток на кралското семејство?

Кога принцот Вилијам дознал дека неговиот брат, принцот Хари, ќе ја запроси Меган Маркл, тој наводно го предупредил Хари да не брза, а дошло до конфликт во кралското семејство, пишува во новата книга „Браќа и жени“ на Кристофер Андерсен.

Принцот Хари бил толку лут кога неговиот постар брат ја довел во прашање неговата брза романса со Меган, така што му излетело: „Кој, по ѓаволите, мислиш дека си ти?“, се наведува.

Наводниот испад се случил во септември 2017 година, кога Хари навестил дека се подготвува да ја запроси својата девојка, што го натерало Вилијам да го праша: „Зошто брзаш?“.

Ова го кажува инсајдер од палатата кој придонел за новата книга на Андерсен со наслов: „Браќата и жените: Внатре во приватните животи на Вилијам, Кејт, Хари и Меган“, која ќе биде објавена на 30 ноември. Авторот ја опишал и поранешната блиска врска помеѓу таканаречениот „наследник и резервниот“ и драмата што наводно довела до нејзино прекинување.

Конфликтите, наводно, започнале кога членовите на тесниот круг на Хари се загрижиле поради неговата бурна романса со разведена жена што ја запознал на „состанок на слепо“ во јули 2016 година. Еден од скептиците бил неговиот вујко, Ерл Спенсер, брат на покојната принцеза Дијана, кого Вилијам го ангажирал да го подвлече своето мислење дека љубовниците треба да го забават темпото.

Тактиката, пишува Андерсен, многу ги влошила работите, бидејќи Хари „бил бесен што неговиот брат активно барал други да се мешаат во неговите лични работи“. Хари набрзо се налутил, како што се наведува, на секој за кого сметал дека е против Меган.

Хари ги фалел доблестите на својата девојка на својот брат пред Меган и Вилијам да се сретнат. Но, тој порано бил загрижен дали Вилијам, кој, како што пишува Андерсен, може да биде „многу груб“. Според книгата, Вилијам на почетокот бил маѓепсан, но набрзо почнал да се сомнева.

Андерсен пишува дека Вилијам и неговата сопруга Кејт „сакале вистинска англиска роза“ за Хари, па принцот се вознемирил од насловите за таткото на Меган, Томас Маркл. Војводата и војвотката од Кембриџ, се тврди во книгата, биле особено „збунети“ од јавните предупредувања на полубраќата и сестрите на Меган, Саманта и Томас, дека Меган ќе биде отровен додаток на кралското семејство.

Тој, наводно, му ја изразил загриженоста на нивниот татко, принцот Чарлс, информирајќи го дека опсесијата на Хари со Меган е „како нешто што никогаш не сум видел“. Вилијам потоа рекол дека „се чувствува како да го изгубил својот најдобар пријател“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk