logo
logo
logo

Шпанија ОСТАНУВА НА ОДЛУКАТА ДА НЕ ГО ПРИЗНАЕ КОСОВО

Vecer | 28.11.2021

Шпанија ОСТАНУВА НА ОДЛУКАТА ДА НЕ ГО ПРИЗНАЕ КОСОВО

Шпанската влада ја потврди својата одлука да не ја признае независноста на Косово.

Како што велат, заземаат „конструктивен пристап“ кон тоа прашање, поддржувајќи се до решението во дијалогот меѓу Косово и Србија, пренесува Europa Press.

Ова беше објавено во собранискиот одговор до пратеничката Мариона Иламоли, која праша за аспирациите на Косово за влез во ЕУ.

Како одговор, шпанската влада пред европскиот печат ја потврди својата позиција „за непризнавањето на едностраната декларација за независност што Приштина ја усвои во 2008 година, бидејќи тоа е едностран акт“.

Владата, сепак, наведува дека „од конструктивна гледна точка, време е да се вложат конечни напори за решавање на прашањето за територијата на Косово во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, договор кој го почитува меѓународното право“.

Што се однесува до аспирациите на Косово за влез во ЕУ, владата рече дека е активно посветена на политиката за проширување на ЕУ и целосно верува во потребата да се воспостави нов поттик за пристапување кон Западен Балкан.

Иламоли ја праша извршната власт и за самитот што се одржа во Словенија меѓу ЕУ и Западен Балкан во октомври, на кој присуствуваше и премиерот на Шпанија, Педро Санчез.

Каталонската пратеничка праша дали Владата смета дека имиџот на Шпанија се нарушува со ставање вето на знамињата и симболите на земја како што е Косово.

Таа се осврна на фактот дека за да се олесни учеството на Санчез и на лидерите на другите земји од ЕУ кои не го признаа Косово, одлучено е да не се користат симболи на овој настан.

„Ставот на непризнавање не значи прекин на учеството“, соопшти шпанската влада, додека за учество се вели дека има одредени услови договорени во рамките на ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk