logo
logo
logo

МЕРКЕЛ ПОСЛЕ ТРИ ДEЦЕНИИ БЕЗ МЕСТО ВО БУНДЕСТАГОТ: Седи меѓу гости на галерија (фото)

Vecer | 26.10.2021

МЕРКЕЛ ПОСЛЕ ТРИ ДEЦЕНИИ БЕЗ МЕСТО ВО БУНДЕСТАГОТ: Седи меѓу гости на галерија (фото)

После 31 година Ангела Меркел повеќе не е пратеник во Бундстагот, а од денес после 16 години повеќе не канцеларка со должности туку шефица на техничка влада до избор на новата.

Поради тоа Меркел на денешното конститутивното собрание на Бундестагот, морала да седи на галерија за гости.

Инаку, конститутавната седница на Бундестагот започнала денес, со што започнува мандатот на 20. свикување на германскиот парламент.

Новоизбраниот Бундестаг има рекордни 736 пратеници и повеќе жени, млади и пратеници родени во странство во однос на предходните. Во пратеничките клупи за првпат ќе седнат 282 избравни претставници.

На првата седница за претседател на долниот дом избрана била Бербел Бас од Социјалдемократската партија на Германија (СПД) која на изборите на 26 септември добила најмногу гласови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk