logo
logo
logo

„КЛИКНИ ЗА МОЛИТВА“ - Ватикан со апликација со напредни опции за молитва

Vecer | 20.10.2021

„КЛИКНИ ЗА МОЛИТВА“ - Ватикан со апликација со напредни опции за молитва

Ватикан ја претстави својата најнова верзија на апликацијата „кликни за молитва“ која им нуди на корисниците напредни опции за молитвите.

Седум црковни службеници, вклучувајќи и кардинал, учествуваа на конференцијата, на која беше претставено „кликни за молитва 2.0“, што е првото големо ажурирање на апликацијата од нејзиното создавање во 2016 година, пишува Ројтерс.

„Молитвата не е губење време, како што понекогаш мислиме. Молитвата е како семе во темна земја, кое ќе ги покаже своите плодови во добро време", рече отец Федерико Форнос.

Апликацијата е достапна на шест западни јазици и кинески и им дава на корисниците посебни опции каде можат да се молат заедно со папата Франциско.

Ватикан го зголеми своето присуство на социјалните мрежи, а ватиканските власти соопштија дека објавата на Папата на Твитер ја виделе повеќе од 50 милиони луѓе во саботата.

Официјалните лица предупредија дека апликацијата можеби не е за секого бидејќи ќе ја замени традиционалната молитва со технолошка.

„Целта не е да се откажат други места или начини на молитва. Ова е само нов начин да се стигне до луѓето", изјави Лусио Руиз, секретар на одделот за комуникации во Ватикан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk