logo
logo
logo

Сијарто

„Дали Брисел сака да ја запре ИЛИ ПОТТИКНЕ ИЛЕГАЛНАТА МИГРАЦИЈА?“

Vecer | 20.10.2021

„Дали Брисел сака да ја запре ИЛИ ПОТТИКНЕ ИЛЕГАЛНАТА МИГРАЦИЈА?“

Бројот на мигранти кои се обидуваат илегално да влезат во Европската унија преку Западен Балкан расте и оваа година и тој надмина 82.000.

Ова денеска го соопшти Министерството за надворешни работи на Унгарија, цитирајќи го министерот Питер Сијарто на конференцијата за миграција во Виена.

Според соопштението од Министерството, секојдневно се забележуваат обиди за илегално преминување на границата во Унгарија, а владата од 2015 година потроши 1,2 милијарди евра за одбрана на границите, пишува МТИ.

Сијарто истакна дека пред шест години ЕУ остро ја критикуваше Унгарија за подигање ограда на јужната граница на земјата и дека некои критичари ја нарекоа Унгарија најтемниот диктаторски режим на 20 век.

„Сега истите тие земји ги фалат другите земји што подигнаа ограда за одбрана на надворешните граници на ЕУ“, рече тој.

Сијарто изрази загриженост поради „неодговорните изјави на бриселската институција и западноевропските политичари“ и рече дека тие може да се протолкуваат како покана до оние кои планираат да ја напуштат својата земја.

Ситуацијата е уште понапната отколку во 2015 година, рече министерот, додавајќи дека четири милиони внатрешно раселени лица од Авганистан ќе го зголемат миграцискиот притисок. Тој повтори дека треба да има задолжителни квоти за мигрантите и дека никој не треба да ги поттикнува потенцијалните мигранти да ја напуштат својата татковина.

„Да бидам искрен, понекогаш не знам дали Брисел сака да ја запре или поттикне миграцијата“, рече тој.

Сијарто рече дека миграциската политика треба да остане под национална контрола, при што сите земји -членки имаат право да одлучат кому ќе му дозволат да влезе на нивна територија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk