logo
logo
logo

Колку долго може да се живее со нешто над 1.000 евра во земјите на Балканот, а колку во светот?

Vecer | 20.10.2021

Колку долго може да се живее со нешто над 1.000 евра во земјите на Балканот, а колку во светот?

Некои земји честопати се сметаат за поскапи или попристапни од другите. Но, каде во светот навистина е најприфатливо, и каде може да се издржи најдолго со одредена сума пари?

Во сегашните околности, исклучително е важно да се осигурате дека парите на вашата тековна сметка можат да траат колку што е можно подалеку.

Експертите за лични финансии на money.co.uk ги анализираа глобалните цени на живот во развиените земји низ целиот свет, за да откријат каде може да се живее најдолго со 1.000 фунти. Понатаму, просечниот приход на истиот сет на земји е проучуван со цел да се открие каде може да се заработат најбрзо 1.000 фунти. (Илјада британски фунти се околу 1.183 евра, заб.)

Три држави каде што 1.000 фунти траат најдолго

За да се пресмета во кои развиени земји 1.000 фунти ќе траат најдолго, податоците се земени од индексот на трошоците за живот. Индексот на трошоците за живот се формира со користење на голем број фактори за трошоци за живот, како што се намирници, комунални услуги и превоз.

1: Колумбија, 1.000 фунти ќе траат 109 дена

Колумбија е држава каде што 1.000 фунти ќе ви издржат најдолго, вкупно 109 дена. Просечните трошоци за живот дневно во Колумбија се 9,19 фунти (нешто помалку од 10 фунти пониско од светскиот просек од 19,13 фунти). Следствено, 1.000 фунти ќе ви траат подолго овде отколку на кое било друго место.

2: Турција, 1.000 фунти ќе трае 103 дена

Турција е единствената друга земја покрај Колумбија каде што дневните трошоци за живот се под 10 фунти (вкупно 9,72 фунти). Во Турција, четирицифрениот буџет ќе трае просечно 103 дена, и иако е шест дена помалку од Колумбија, речиси е двојно повеќе од глобалниот просек.

3: Казахстан, 1.000 фунти ќе траат 100 дена

Трошоците за живот во Казахстан се 10,10 фунти дневно во просек, што значи дека 1.000 фунти можат да траат 100 дена во оваа централноазиска земја. Овој е вкупо нешто под 10 дена помалку од траењето на 1.000 фунти во Колумбија, но е за 42 дена повеќе од просекот.

Земји каде што 1.000 фунти траат најкратко

1: Швајцарија, 1.000 фунти траат 27 дена

На другиот крај од скалата, 1.000 фунти ќе траат помалку од еден месец во Швајцарија, бидејќи високите трошоци за живот во просек се 37,96 фунти дневно. За споредба, ова е за нешто помалку од 20 фунти повеќе од глобалниот просек и над 27 фунти повеќе отколку во Колумбија.

2: Лихтенштајн, 1.000 фунти ќе траат 33 дена

Малата алпска држава Лихтенштајн ги има вторите највисоки трошоци за живот и како резултат на тоа, 1.000 фунти во просек ќе траат само 32 дена. Лихтенштајн ја дели валутата и има монетарна унија со Швајцарија, иако трошоците се малку поевтини во Лихтенштајн.

2: Норвешка, 1.000 фунти ќе траат 33 дена

Во Норвешка, 1.000 фунти ќе траат исто колку и во Лихтенштајн, 33 дена. За живеење во Норвешка се потребни просечно 30,53 фунти дневно, околу 11 фунти повеќе од глобалниот просек.

Земји каде што може најбрзо да се заработат 1.000 фунти

1: Лихтенштајн, 4 работни дена за да заработите 1.000 фунти

Можеби станува збор за мала држава, но заработката во Лихтенштајн е убедливо највисока од разгледуваните земји, со 85.589 фунти годишно, што исто така значи дека е земја во која најбрзо се достигнува заработка од илјада фунти, за што се потребни само четири работни денови, во просек.

2: Швајцарија, 5 работни дена за да заработите 1.000 фунти

Иако Швајцарија е најскапата земја за живеење, има и еден од највисоките приходи, 64.204 фунти. Во просек, можете да заработите по 1.000 фунти на секои пет работни дена.

2: Норвешка, 5 работни дена за да заработите 1.000 фунти

Просечниот годишен приход на Норвешка е малку под границата од 60.000 фунти, и следствено, дневната заработка од 219,70 фунти е за околу 25 фунти помала отколку во Швајцарија. Затоа, во просек се потребни пет работни дена за да заработите 1.000 фунти.

2: Луксембург, 5 работни дена за да заработите 1.000 фунти

Друга земја каде што се потребни пет дена за да се заработат 1.000 фунти е Луксембург, што значи дека Луксембуржаните можат да заработат 33 дена побрзо отколку луѓето во повеќето земји ширум светот.

2: Исланд, 5 работни дена за да заработите 1.000 фунти

Исланд е уште една земја каде што можете да заработите 1.000 фунти за пет дена, а во просек исландските работници заработуваат нешто помалку од 205 фунти секој ден.

Земји во кои треба да работите најдолго за да заработите 1.000 фунти

1: Колумбија, 62 работни дена за да заработите 1.000 фунти

Колумбија е во целосна спротивност со Швајцарија, бидејќи освен што е нација каде што 1.000 фунти ќе издржат најдолго, исто така е местото каде што е потребно најдолго за да заработи иста сума. Дневниот просечен приход е 16,23 фунти, така што вкупно ќе бидат потребни 62 дена за да заработите 1.000 фунти.

2: Белорусија, 57 работни дена за да заработите 1.000 фунти

Слично, во Белорусија, потребно е долго време да се заработат 1.000 фунти, во просек 57 работни дена. Дневниот приход во просек е 17,77 фунти, што е екстремно ниско во споредба со глобалниот просек од 87,11 фунти.

3: Србија, 49 работни дена за да заработите 1.000 фунти

Србија е земја со трет најнизок просечен приход и, следствено, потребни се 49 работни дена за да се заработат 1.000 фунти. Ова е нешто помалку од 30 дена подолго од глобалниот просек и 44 дена подолго отколку во Швајцарија.

 

(Текст, илустрации и табели: money.co.uk)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk