logo
logo
logo

ЊУЈОРК ТРГА СТАТУA НА ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА САД: Се преместува после 100 години поради робовладетелското минато

Vecer | 19.10.2021

ЊУЈОРК ТРГА СТАТУA НА ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА САД: Се преместува после 100 години поради робовладетелското минато

Градското собрание на Њујорк едногласно го усвои предлогот за тргање на статуата на Томас Џеферсон, кој е еден од авторите на Декларација за независност на САД.

Причината за тоа е што Џеферсон на својата плантажа во Вирџинија во заробеништво држел повеќе од 600 робови и робинки, а со една од робинките имал шест деца.

Тргање на статуата од собранието  веќе  неколку години бараат латиноамериканските и африканските членови.

Откако беше донесена одлуката се очекува преместувањето да биде во салата на историско друшво во градот Њујорк.

Третиот американски претседател Томас Џеферсон испишува некои од најсрамните страници во долгата и богата историја на нашата земја“, рече афроамериканката и член во собранието на градот Њујорк, Ејдиен Адамс.

Расправата за присуството на оваа склуптура во просториите на Гратското собрание на Њујорк  оживеала со проектот на 'Black Lives Matter', кој беше покренат од насилната смрт наа афроамериканецот Џорџ Флојд.

За потсетување, во мај 2020 година него во Минеаполис тој беше угушен од полицаец.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk