logo
logo
logo

Не ги спречила короната, па нема ни поплавата: Младенците во ТЕНЏЕРЕ дошле на венчавање

Vecer | 19.10.2021

Не ги спречила короната, па нема ни поплавата: Младенците во ТЕНЏЕРЕ дошле на венчавање

Еден индиски пар на своето венчавање дошол пловејќи во огромно тенџере, бидејќи улиците во градот Талавадија биле поплавени.

На снимката се гледа како парот плови по поплавените улици, стиснати еден до друг во тенџерето, додека двајца мажи во придружба на фотограф ги влечат долж поплавените улици.

Наводно парот го позајмил тенџерето од локалниот храм и изјавиле дека тоа била “единствена опција“ достапна во така кус рок, јави индиската новинска агенција PTI.

Нив не ги попречиле ни поплавите, ни лизгалиштата, кои однеле 27 животи за време на обилните дождови ширум Карела, држава на југот на Индија, бидејќи младенците, инаку здравствени работници, не сакале да го одложат овој голем настан.

Акаш и Аишварја стигнале безбедни и суви во мал и делумно поплавен храма во Талавадија, каде што венчањето го направиле во традиционални хундустички обичаи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk