logo
logo
logo

Најмали летечки машини во светот (видео)

Vecer | 26.09.2021

Најмали летечки машини во светот (видео)

Се повеќе се стравува за приватноста и слободата, бидејќи следењето на граѓаните станува вообичаена работа. Камерите и дроновите се досега биле забележливи со голо око, но тоа наскоро би можело да се промени.

Имено, екипа на инженери од Универзитетот Northwestern дизајнирале микрочипови со крилја, а малата летечка направа потсетува на семка која често лета во воздух. По величина на зрно песок, се првите најмали летечки машини во светот кои ги направила човечката рака.

Како што истакнуваат направени се да ја следат загаденоста на воздухот, ширење на болести кои се пренесуваат по воздушен пат, а за акција се подготвени кога ќе се пуштат од авион или од кров на некоја висока зграда.

“Роеви“ на крилести микрочипови би можеле да формираат и Wi-Fi мрежа, кои и покрај величината опремени се со сензори и антени кои овозможуваат безжична комуникација.

Секако дека овие крилести машини како да се создадени за теоретичари на заговори, особено оние кои се фокусирани на посматрање и следење на граѓани. Сепак нема докази дека ваквите машини можат да се користат за следење, а корисната примена одповеќе го оправдува нивното постоење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk