logo
logo
logo

НАУЧНА ФАНТАСТИКА СТАНА РЕАЛНОСТ: Полетал прв летечки автомобил, СЕ ТРАНЦФОРМИРА,потоа се спушта на пат (видео)

Vecer | 29.07.2021

НАУЧНА ФАНТАСТИКА СТАНА РЕАЛНОСТ: Полетал прв летечки автомобил, СЕ ТРАНЦФОРМИРА,потоа се спушта на пат (видео)

Со децении ветуваа летечки автомобии, но конечно се мисли дека научната фантастика станува реалност.

Првиот лет траел 35 минути.

Оваа недела прототип на летечки автомобил го завршил 35 минутниот лет помеѓу два аеродрома, слетал, а потоа се трансфомирал и возел по пат.

Го развил Клејн Вижн, а “летачкиот автомобил“ користи

БМW мотор и работи на бензиско гориво.

Има мали крила кои се собираат и вовлекуваат во автомобилот кога доаѓа време за возење по патеишта. Овој лет кој е изведен помеѓу аеродромот во Нитра и Братислава во Словачка, го извел “креаторот на “летечкиот автомобил“, професор Стефан Клајн.

- Со овој лет започнува нова ера на дводеминзионални транспорни возила. Се отвара нова категорија на превоз – рекол професорот Клајн после завршениот лет.

Антон Зајц, сооснивач на компанијата на Клајн Вижн, додал:

“Летечкиот Автомобил не е повеќе доказ на концепт; летајќи на 2.500 метри висина со брзина од 170 км/х, научната фантастика је претвоти во реалност“.

Автомобилот е способен да превезува две лица кои тежат вкупно 200 кг и досега остварил 40 часа летови. Произвотството на прототипот "АирЦарс" чини помалку од два милиони фунти.

Се трансформира од авион во автомобил, за помалку од три мунути.

Инаку, пред да го видете “АирЦарс“ во автомобилските салони ширум светот, возилото ќе мора да ги помине сите врсти на тестирања и сертификати.

И секако, секој кој ќе го купи ќе мора да има и пилотска и возачка дозвола. Сепак тоа е возбудлива перспектива.

Др. Стефан РАјт, постар истражувач во областа на авиони и други летала од Универзитет на западна Англија рекол за ББЦ:

- Секој може да направи авион, но трикот е во тоа да се направи таков кој лета, лета и лета повеќе од милион часа, со лице зад волан, без инциденти. Едвај чекам да видам документи кои ќе кажат дека ова е сигурно за летање и продажба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk