logo
logo
logo

Видовита Англичанка го предвидела ковид, тврди дека Вилијам наскоро ќе стане КРАЛ

Vecer | 28.07.2021

Видовита Англичанка го предвидела ковид, тврди дека Вилијам наскоро ќе стане КРАЛ

Видовитата Англичанка Роксен Фарнивал ја предвидела короната, а најавува интересна есен.

Видовитета Роксен Фарнивал во 2018 година “ја видела иднината на една болничарка и тогаш, вели, кај неа забележала голема промена на работа: “Видов дека сите носеа маски. Беше конфузно и мислев дека ќе дојде до терористички напад.“, рекла таа.

Но, јануари 2019 година сликата се “избистрила“:

- Бев премногу преплашена. Тогаш знаев дека пандемија доаѓа. Видов како црн облак го покрива светот и почнав да паничам поради своите деца и својата смртност. Беше застрашувачко. Кога гледав вести за корна вирус во Кина, едноставно знаев дека тоа е тоа што го видов – вели Роксен.

Чарлс нема да биде крал.

Интересно е што претскажала дека принцот Чарлс никогаш нема да стане крал, туку круната ќе заврши на главата на Вилијам.

Роксен гледа во тарот и тврди дека многумина со години ќе имаат долгови.

Овие денови Роксен, од Токио во Англија, ги поделила своите предвидувања во наредните неколку години. Прогнозирала дека нема да има вистинско опуштање до летото 2021. или 2022 година, како и тоа дека ќе има многу промени и граѓански немири.

Сепак, август ќе донесе извесно олеснување. За жал во долгови се упадна поради пандемија многу од земји ќе ги исплаќаат со децении.

Тоа можеби луѓето и не ги интересира, но се предвидува дека Борис Џонсон нема да победи на наредните избори во Британија и дека на негово место ќе дојде жена.

--

За среќа после оваа пандемија, не гледа друга – со децении, но тука е глобалното затоплување, кое ќе днесе урагани и поплави. Што да се стори? “Луѓето треба да бидат подготвени и да водат сметка за своите долговите. Не е се пропаст и темница – постојат и светли денови“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk