logo
logo
logo

Вакво нешто на Крим не се случило во последните 100 години: Невремето оштети стотици домови, а има и загинати (ВИДЕО)

Vecer | 20.06.2021

Вакво нешто на Крим не се случило во последните 100 години: Невремето оштети стотици домови, а има и загинати (ВИДЕО)

Едно лице загинало, две лица се водат како исчезнати, а 24 се повредени по поплавите кои предизвикале силни дождови кај Јалта на Крим, потврдила градоначалничката Јанина Павленко.

Невремето со обилни врнежи проследени со силен северозападен ветер започнало во четвртокот на Крим, повеќе од 22.000 домаќинства останале без електрична енергија, а локалните власти прогласиле вонредна состојба, пренесува "Tass".

Павленко потврдила дека вакво невреме, проследено со обилни врнежи, на Крим не е забележано уште од 1922-ра година.

Оштетени се стотина куќи ширум Кина, на Јалта се поплавени 13 хотели, а во два од нив била издадена и наредба за евакуација.

Во тек се активности за расчистување на последиците од оваа елементарна непогода.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk