logo
logo
logo

ЕУ Е ПОЛИТИЧКИ СЛОМЕНА, сметаат повеќето Германци

Vecer | 10.06.2021

ЕУ Е ПОЛИТИЧКИ СЛОМЕНА, сметаат повеќето Германци

Поголемиот дел од германските граѓани веруваат дека политичкиот систем на ЕУ е сломен по дебаклот во врска со вакцините против коронавирусот, покажува истражувањето на јавното мислење.

Според светските медиуми, 55% од Германците веруваат дека бирократијата ги изневерила, а бројот на незадоволни граѓани е зголемен за 11% од ноември минатата година.

Според „Дејли меил“, 49% изјавиле дека имаат повеќе или помалку доверба во официјален Брисел, покажува истражувањето спроведено од Европскиот совет за надворешни односи.

Досега Германија успеа да вакцинира 46% од населението.

„Лошата реакција на ЕУ во врска со набавката на вакцините против коронавирус ги трансформира обвинувањата за Брегзит како приказна за евроскептицизмот во приказна за ослободување од бавната бирократија на институциите во Брисел“, рече Европскиот совет за надворешни односи на брифингот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk