logo
logo
logo

ПРЕДИЗБОРНО УБИЕНИ 88 ПОЛИТИЧАРИ ЗА 9 МЕСЕЦИ, нарко банди сакаат контрола на терирории во Мексико

Vecer | 02.06.2021

ПРЕДИЗБОРНО УБИЕНИ 88 ПОЛИТИЧАРИ ЗА 9 МЕСЕЦИ, нарко банди сакаат контрола на терирории во Мексико

Само  во последните девет месеци во Мексико се убиени повеќе 88 политичари од страна на организирани банди, покажува извештај објавен пред федералните избори.

Очигледно дека државните безбедносни мерки се покажале како недоволни, се вели во извештајот, а заканите и уцените кон градоначалниците, парламентарците и кандидатите се зголемиле пред федералните избори, кои треба да се одржат во недела на 6 јуни.

Во извештајот понатаму се забележува дека Чивава, Веракруз и Канкун се најопасните места за политичарите.

Според извештајот на Здружението на локалните власти на Мексико, објавен на 10 март 2021 година, помеѓу 2006 и 2020 година, организирани криминални групи убиле 192 градоначалници во Мексико.

Покрај политичарите, мета се и полицајците, па озлогласениот мексикански нарко картел киднапирал неколку припадници на елитната полициска единица и по пат на мачење на истите стигнале до мачел адресите на другите полицајци кои сега ги убиваат.

Според извештајот нарко картелите сакаат да имаат лице [на функција] што јасно ќе ги почитува нивните потреби и што ќе им овозможи да ја контролираат територијата. Овие групи или финансираат или промовираат кандидати - или се закануваат, заплашуваат и ги убиваат оние што сакаат надвор од играта.

Се вели дека екстремно насилниот картел Халиско на овој начин реагирал на политиката на мексиканската влада „прегратки, а не куршуми“.

Нападите врз полицајците се убедливо најдиректен предизвик за мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и неговата политика за избегнување насилство и отфрлање на војната против картелот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk