logo
logo
logo

Живот без ѕидови: Како Кина го "шпионира" своето население?

Vecer | 31.05.2021

Живот без ѕидови: Како Кина го "шпионира" своето население?

Една од најголемите и најраспространетите мрежи за следење во Кина го означи својот старт во мала област која се наоѓа на околу седум часа северно од Шангај.

Во 2013та година, локалната власт во областа Пингуи започнала да инсталира десетици илјади безбедносни камери низ урбаните и руралните средини – повеќе од 28.500 камери се инсталирани до 2016та година. Дури и најмалите села имаат низ улиците по 6 безбедносни камери, пренесуваат државните медиуми.

Но, овие камери не се надгледувани само од полицијата. Снимките од камерите се и предмет на автоматски алгоритми за препознавања на лица. Но истите се и достапни на граѓаните. Преку специјални ТВ кутии инсталирани во нивните домови, локалните жители може да ги гледаат снимките од безбедносните камери во живо и да ја повикаат полицијата доколку забележат сомнителна активност.

Ваквите снимки се достапни и преку смартфони.

Во 2015 година, владата на Кина објави дека слична програма ќе се прошири низ Кина со пособен фокус на руралните градови. Оваа програма беше именувана како "Xueliang Project" или во превод "Sharp Eyes". Името на програмата е инспирирано од цитатот на поранешниот револуционер лидер на комунистичка Кина, Мао Зедонг кој еднаш напишал дека "луѓето имаат остри очи кога се во потрага по соседите кои не живеат според комунистичките вредности".

Имено, Sharp Eye е еден од низата проекти за технолошки надзор изградени од страна на кинеската влада во последниве две децении. Проектите како Golden Shield Project, Safe Cities, SkyNet, Smart Cities и сега Sharp Eye индицираат на тоа дека повеќе од 200 милиони јавни и приватни безбедности камери се инсталирани ширум Кина.

На секои 5 години план за "набљудување" на своето население

На секои 5 години, кинеската влада објавува план при тоа истакнувајќи го она што очекува да го постигне во следните 5 години. Петгодишниот план на Кина објавен во 2016 година имаше за цел Sharp Eye да достигне 100 отсто покриеност на јавните места во Кина. Досега нема јавни податоци дали целта е исполнета, но според изјавите на властите Кина е многу многу блиску до целта.

Современата шема на набљудување во Кина започнала во 2003 година, вели Далија Петерсон која е истражувачки аналитичар во Центарот за безбедност и технологија на Универзитетот Џорџтаун.

Таа вели дека проектот Golden Shield кој во 2003 година беше презентиран од Министерството за јавна безбедност на Кина е одговорен за строгата цензура на Интернет во земјата. Но, освен за оваа намена оваа програма била користена и за набљудување на населението.

Имено, програмата креирала датабаза која вклучува речиси 96 отсто од населението во Кина. Името на датабазата е National Basic Population Information Database.

Оваа датабаза вклучува информации околу регистрација на семејствата, како и податоци за нивните патување и криминална историја.

Соседи ќе контролираат соседи

Петгодишниот план на Кина кој е моментално во сила, а кој беше презентиран во 2021 година става посебен акцент на давање на командата за управува ваквите мрежи на локалните општини. Во планот исто така се истакнати и проекти за зајакнување на системот за превензија и контрола на јавните површини.

Ова значи дека иднината на Кина и нејзините мрежи за следење на населението ќе бидат речиси идентични како програмата Sharp Eye: повеќе моќ и контрола на локалните самоуправи што во превод значи дека соседите ќе ги гледаат и контролираат другите соседи.

Во планот исто така е истакнат и прогонот на оние кои се сметаат за непријателки настроени односно сепаристи.

-Владата ќе биде насочена кон заштита од инфилтрација, саботажа, субверзија и сепаристички активности како и непријателски сили. Целта е да ги разбиеме ваквите фракции, стои во планот.

Се трошат исто пари за образование и камери

Голем дел од финансирањето на овие различни системи за набљудување доаѓа од централната влада, но сметката ја плаќаат и регионалните општини и градови.

Во одредени моменти низ историјата на Кина, ваквата сметка е двојно поголема од сметката на трошоци на општините.

Анализата на повеќе од 76 илјади известувања за јавни набавки извршени од страна на Владата укажува на тоа дека општините трошат повеќе пари на овие системи отколку на општински услуги.

Во 2018 година, договорите од повеќето градови во Кина покажале дека официјалните лица потрошиле идентична сума на пари за безбедносни камери и образование.

Парите потрошени за заштита на животната средина се двојно помалку од оние потрошени на "безбедност".

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk