logo
logo
logo

НАЈГОЛЕМИ ГРОБИШТА НА СВЕТОТ: Невладина тврди дека има фотографии од мртви деца исфрлени од морето

Vecer | 26.05.2021

НАЈГОЛЕМИ ГРОБИШТА НА СВЕТОТ: Невладина тврди дека има фотографии од мртви деца исфрлени од морето

Шпанска невладина организација објави фотографии од мртви деца и жени фрлени покрај морето на либискиот брег.

Невладината организација „Proactiva open arms “ објави дека ги добила тие шокантни фотографии од очевидци, за кои не сака да го открие нивниот идентитет, истакнувајќи дека на фотографиите се прикажани луѓе кои се обиделе да стигнат до ЕУ преку смртоносна рута, преку Медитеранот.

Невладината организација покажа фотографии од тела на деца, делумно покриени со облека, како и жени, веројатно нивни мајки, кои се фрлени на копно од водата и лежат во песокот.

Во шок сме, изјави за Би-Би-Си шефицата за комуникации невладината, Лора Лануза.

„Кога луѓето ќе се обидат да избегаат од Либија, не треба да бидат вратени таму или да бидат оставени на Медитеранот. Треба да има спасувачки екипи за нивно спасување. Средоземното море е едно од најголемите гробишта во светот", заклучила таа.

На шокантните фотографии реагираше и италијанскиот премиер Марио Драги, кој рече: „Сликите на телата на бебињата и децата фрлени на брегот покрај морето се едноставно неприфатливи“.

Но, кој е виновен?

За прв пат, Европската унија беше недвосмислено спомената во тој контекст, бидејќи ООН денес соопшти дека Унијата може да се смета за делумно одговорна за тоа што не одговорила на повиците за помош, ги попречувала хуманитарните напори за спасување и враќањето на бегалците во Либија, објави Ројтерс.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk