На фотографиите кои деновиве се појавија на социјалните мрежи се чини дека се гледа исчезната принцеза од Дубаи, Латифа која неколку месеци претходно на видео изјави дека ја држат против нејзината волја во два главни трговски центри во Дубаи, пренесува АП.

Сликите објавени од жена идентификувана во британските медиуми како поранешен припадник на британската морнарица, Сајонид Тејлор, ја покажуваат Латифа бинт Мохамед ал Мактум во трговскиот центар Емирати, како и во ресторан во трговскиот центар Дубаи во близина на Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот, пренесе АП.

Двете фотографии за кои се верува дека на нив се наоѓа се принцезата Латифа се појавија по барањето на Обединетите нации да се прикажат докази дека таа навистина е жива.

Овие фотографии се појавија по видеото, снимено пред три месеци и емитувано на Би-Би-Си, во кое таа вели дека „ја држат против нејзината волја“.

Обединетите нации побараа од ОАЕ пред еден месец да објават доказ дека принцезата е жива.

„Немаме никакви, и би сакале да видиме јасен, убедлив доказ дека принцезата е жива. Се обидовме да закажеме состанок меѓу високи функционери, со новиот амбасадор на ОАЕ во ООН во Женева, мисијата ги прифати овие барања , но сè уште немаме точен датум “, рече таа портпаролката на ОХЦР, Марта Уртадо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Promovgrams (@promovgrams)

Во тајната снимка добиена од Би-Би-Си во февруари и споделена со Си-Ен-Ен, принцезата Латифа тврди дека била заложник во „вилата која е претворена во затвор“, без пристап до медицинска нега.

Како одговор, владите на Дубаи и Обединетите Арапски Емирати изјавија дека Латифа е безбедна и дека е под внимателна грижа на нејзиното семејство и медицинскиот персонал.

Кон крајот на февруари, Латифа испрати писмо до британската полиција, кое го прегледа и Си-Ен-Ен, со барање да се испита наводното киднапирање на нејзината постара сестра, принцезата Шамса, од Велика Британија во 2000 година.