logo
logo
logo

СЕ СЛУЧИ БОЖЈО ЧУДО: Црква од 19 век се појави на површина откако со децении била под вода (видео)

Vecer | 06.05.2021

СЕ СЛУЧИ БОЖЈО ЧУДО: Црква од 19 век се појави на површина откако со децении била под вода (видео)

Мештаните се израдувале на појавувањето на црквата.

Црквата Богородица од 19. век се појавила над водата во едно езеро во Мексико откако, поради изградба на брана, со децениибила потопена.

Поради големите суши која го зафатила регионот водата во езерото се повлекла давајќи можност повторно да се виде поголем дел од црквата која под вода исчезнала 1979 година кога е изградена брана, каде што воедно девастирала цела населба Ел Зангаро во кое имало повеќе од 150 куќи.

Како што пренесува "Meksiko dejli njuz" на тоа се израдувале најмногу луѓето кои некогаш живееле на тоа место, а морале да се преселат кога сватиле дека водата кога ќе надојде ќе ги присили ако сами не заминат.

- Преданието ни кажува дека на тие луѓе им било многу тешко да ги напуштат своите куќи, и не само поради куќите, имотот, туку и поради чуството дека таму припаѓаат – рекла Дулсе Васкез, директорка на локалната општинска

- Неколкумина се противеле додека не сватиле дека тоа е реалност дека мора да заминат бидејќи водата ќе го покрие целото гратче – рекла таа и потсетила на одлуката за потопување на местото и црквата а ја донел 51, претседател на Мексико Хосе Лопез Портиљо откако блискиот град бил потопен, а требало да се спречи за слично да не се повтори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk