logo
logo
logo

Од 5.000, 2 заразени

Корона експеримент во Шпанија: ПАДНАА ВО ВОДА ТЕОРИИТЕ ЗА ИЗОЛАЦИЈА!

Vecer | 28.04.2021

Корона експеримент во Шпанија: ПАДНАА ВО ВОДА ТЕОРИИТЕ ЗА ИЗОЛАЦИЈА!

Научниот експеримент во Шпанија е завршен. За потреби на експериментот - дали изолациојата е неопходна, и колку дружењето во голем број на едно емсто влијае на ширење на корона вирусот - ослободија од обврски за дистанца  5.000 млади луѓе кои присуствуваа на концерт а, потоа,  научниците следеа дали и колку ќе бидат заразени. Резултатите се изненадувачки.

Концертот се одржа во Барселона. Според податоците добиени по експериментот, се покажало дека со корона вирусот се заразени со шест лица во рок од 14 дена. Нивниот заклучок е дека нема доказ за зголемено ширење на инфекцијата меѓу луѓето кои учествуваа во тој голем концертен собир минатиот месец.

Во експериментот учествуваа 5.000 луѓе, пишува Index.hr, и тоа по добивањето на негативен резултат на тестот за корона вирус. Присутните носеа маски, секако заради природата на настанот не сите и не цело време на концертот, но не мораа да одржуваат растојание.

Од шест лица кои биле заразени по концертот, научниците заклучиле дека четири се заразени од некои други ситуации, а не на самиот настан.

Борис Ревило, вирузолог кој учествувал во дизајнот на безбедносните протоколи во арената "Палау Сан Геирг", рече дека не може категорично да исклучи дека другите две лица биле заразени за време на концертот, но имало многу голема можност дека преносот на вирусот и кај тие двајца да е од друго место, пишува Дојче Веле.

Она што научниците откриле е дека стапката на инфекција меѓу учесниците на концертот била двојно помала отколку кај луѓето од иста возраст во Барселона.

"Ништо не сугерира дека преносот на вирусот се случил за време на концертот", рече специјалистот за заразни болести Марија Либре на прес-конференција во вторникот.

Концертот беше еден од најголемите собири во Европа од почетокот на пандемијата, кога државите бараат нови начини за безбедно одржување на јавните настани, за кои досега експертите тврдеа дека се лошо место на инфекција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk