logo
logo
logo

Европските престолнини на марихуаната: Во овие градови да се пуши џоинт на улица е нормална работа

Vecer | 27.04.2021

Европските престолнини на марихуаната: Во овие градови да се пуши џоинт на улица е нормална работа

Постојат неколку локации низ Стариот континент каде уживањето во чадот од марихуаната е идентичен дел од културата како и пиењето италијанско кафе или француски вина.

И додека во последниве години е направен значителен напредок во употребата на канабисот за медицински цели, сепак во многу земји канабисот е илегална супстанца. Сепак, има и такви каде граѓаните можат слободно да конзумираат марихуана.

Амстердам, Холандија

Амстердам е познат како престолнина на лалињата, бројните музеи и канали. Сепак она кое што го издвојува е фактот дека веројатно е светстка престолнина на канабисот. Во специјализирани продавници, познати како кафулиња, пушењето марихуана е дозволено. Но, она кое се смета за кривично дело е одгледувањето.

И покрај тоа што Холандија е една од најпрогресивните земји во Европа кога станува збор за политиките за канабис, одгледувањето сепак не е целосно легално. Технички, сè уште е нелегално да се садите канабис. Но ако одгледувате пет стебла или помалку, владата нема да го разгледа случајот и да го поврзе со професионалното тргување.

Владата ќе смета дека одгледувањето е наменето за лична употреба и со тоа ќе го третира кривичното дело слично на поседување мала количина марихуана. Технички е нелегално да се одгледува канабис во Холандија. Меѓутоа, ако одгледувате помалку од пет растенија, веројатно нема да доживеете никакви правни последици.

Копенхаген, Данска

Во самопрогласената автономна населба Кристанија во Копенхаген, марихуаната некогаш се продавала сосема легално. Впрочем оваа област била окупирана од хипиците во 70тите години и до денес околу 900 луѓе живеат независно од данскиот закон.

Оваа област е позната како областа на "зеленото светло" поради фактот дека се тргувало со речиси сите видови на канабис. Сепак, ваквото зелено светло создаде проблеми и разни расправии низ годините, па поради тоа и покрај фактот дека канабисот е достапен, денес Кристанија не е позната по тоа. Нејзиниот симбол се шарени улици, кафулиња и ресторани.

Барселона, Шпанија

Иако во Барселона марихуаната технички не е легална, сепак во пракса е дозволена. Впрочем, марихуана може да конзумирате во приватни простории или клубови, но на улица е забрането.

Можете да најдете и канабис-клубови низ целиот град, во кои ќе морате да се зачлените а на кои им е забрането да се рекламираат.

Чешка Република

Прага е можеби еден од ретките градови кои можете да го посетите и без премногу пари во новчаникот.

И тука, како и во Барселона никој нема да ве "гњави" доколку поседувате до 15 грама канабис.

Пред неколку години Чешка ги ратификуваше законите со кои одгледувањето и поседувањето на канабис се сведе на граѓански прекршок.

Ако ве фатат како одгледувате над пет растенија или носите над 15 грама марихуана, ќе бидете казнети само со парична казна од 15.000 CZK (околу 590 евра).

Сепак, казните ретко достигнуваат толку високо. Бидејќи е лесно да се дојде со канабис во Чешка, владата ги усвои овие правила за да може органите за спроведување на законот да го насочат своето внимание кон посериозни дилери и трговци со дрога.

Ова значи дека индивидуални домашни одгледувачи можат да одгледуваат канабис за рекреативна употреба со многу мал ризик.

А, ниските парични казни, како и ограничувањата на пет растенија, значат дека секој може целосно да ги покрие своите потреби за лична употреба, без да се грижи за финансиски последици. Овој модел досега се покажа како прилично ефикасен. Овие закони се смислени како начин да ги одвратат луѓето од трговија со дрога и да ги охрабрат индивидуите да растат стебла.

Португалија

Законите за канабис во Португалија се сметаат за меѓу најпрогресивните во светот. Во 2001 година, владата ја декриминализира личната употреба на канабис, фокусирајќи се на третман отколку на казна.

Како последица на тоа, вкупниот број на корисници на дрога во земјата се намали. Сепак, дури во 2018 година е легализиран медицинскиот канабис.

Законот беше донесен во обид да се справи со растечкиот проблем со дрога во земјата. Според студијата спроведена во 1997 година, луѓето навеле проблеми поврзани со дрога како социјален проблем број еден во Португалија. Во 2009 година, проблемот со дрогата падна на 13-то место на листата.

Сепак, одгледувањето канабис за лична употреба сѐ уште не е дозволено.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk