logo
logo
logo

Шверцерските патишта блокирани, за убијци немаат пари

Како оперираат нарко-картелите во време на пандемија?

Vecer | 28.03.2021

Како оперираат нарко-картелите во време на пандемија?

Глобалната пандемија која трае повеќе од една година им го отежнува работењето на мексиканските нарко-картели. Затворените граници, рестрикциите за патување и ограничениот воздушен сообраќај се доволни причини за картелите да се свртуваат едни кон други.

Под брендираната облека се крие нелегално оружје

Нема нешто што не можете да најдете на пазарот Тепито во Мескико Сити, велат локалните жители.

Во овој лавиринт од улички и тезги можете да купите што ви душа сака – од облека, брендирана или небрендирана, до телевизири, играчки, очила, беспилотни летала, мобилни телефони...Се нудат производи произведени во нелегални работилници, како и фалсификувани производи за широка потрошувачка произведени од Кина. А под сите овие производи, се крие продажбата на нелегални лекови и оружје.

Вообичаено, Тепито е популарен кај купувачите по ниските цени – иако за купен производ од овие тезги не добивате гаранција ниту пак фискална сметка.

Впрочем, овој пазар е контролиран од криминалната банда наречена Унион Тепито. А секој што продава производи на овој пазар мора да плати огромна сума на пари за да добие заштита. Ваквиот рекет на неделно ниво на мафијашите им носи по стотици илјади пезоси.

Но глобалната пандемија го пресуши каналот на набавка на кинески производи.

-Имаме недостиг на роба и ваквиот недостиг го компензираме со мексикански и американски производи, велат сопствениците на тезги.

Па така нивниот бизнис во изминатава година е преполовен. Но и покрај двојно помалата заработувачка, сопствениците на тезги мора да го платат предвидениот рекет. А оние кои одбиваат најчесто завршуваат убиени или киднапирани од страна на мафијата.

Производството на наркотици погодено поради недостаток на хемикалии

Локдаунот кој ја одбележа минатата година, како и рестрикциите околу патувањата ги пресушиле каналите за снабдување на нарко-картелите со кинески хемикалии потребни за производство на синтетички лекови.

На пример, пред пандемијата кинеската провинција Хубеи била главен извозник на фентанил – опиоид. Но, денес на големите мексикански нарко-картели Циналоа и Халиско Нуева Генерацион (СЈМГ) им недостигаат суровини за производство на наркотици, пренесува insightcrime.org.

Според мексиканскиот неделник “Риодоце”, шефот на Синалоа, Исмаел “Ел Мајо” Замбада ја покачил цената на синтетичките лекови. Истражувањето покажува дека за нешто помалку од 1 килограм метамфетамин – широко познат како кристален мет денес мора да се плати двојно повеќе - околу 95 евра или 15 илјади пезоси.

Освен недостатокот на хемикалии за производство на наркотици отежнато е и пренесувањето на нелегални супстанции во САД.

Помалку летови, повеќе проверки

Поради редуцираниот број на комерцијални летови како и падот на воздушниот сообраќај во Латинска Америка на властите им е полесно да ги забележат авионите кои пренесуваат нелегални наркотици.

Па така изминатава година се "уловени" повеќе од деситици авиони кои вршиле пренос на нелегални наркотици.

Многу шверцерски патишта се блокирани како за кокаинот кој треба да стигне до богатите потрошувачи, така и за хемикалиите за синтетичките дроги кои пристигнуваат од Кина. Секаде се појавуваат потешкотии во набавката. Не им оди добро ни со рекетирање, а кај шверцот со луѓе е лошо бидејќи се затворени границите. Некои организации веќе не можат да ги плаќаат своите убијци. Но, како што смета мексиканскиот новинар кој се занимава со тамошниот криминал, големите картели имаат доволно резерви да издржат и неколку месеци без нови приходи.

Таква е организацијата СЈНГ која оперира во многу нелегални бизнис сектори и региони. Оттаму тие и полесно се прилагодуваат на овие предизвици и успешно ја совладуваат рецесијата.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk