logo
logo
logo

Путин: Нема потреба од „мајмунлаци“! Зошто да го правам она што го прават сите други?

Vecer | 28.03.2021

Путин: Нема потреба од „мајмунлаци“! Зошто да го правам она што го прават сите други?

Рускиот претседател Владимир Путин, открил зошто не сакал да се фотографира и да се снима во миговите кога ја примил вакцината, како што тоа го прават сите светски лидери.

Вакцината која ја примил Путин, со денови предизвикува внимание, и тој конечно се огласи.

„Дали треба да се мајмунисуваме? Зарем треба да го работам она што некој друг некаде го прави? Не би рекол“, изјави Путин.

Потоа даде и целосен одговор:

„Впрочем, ако такво нешто сака да се фалсификува, некого да се излаже, тоа не е тешко да се направи. Можеме да покажеме една инјекција, а да се стави друга, физиолошки раствор или било што… сок од портокал. Се шегувам нормално. Но тоа не е сериозно, по мое мислење“, рече Путин.

Рускиот претседател објасни дали после вакцината имал некакви несакани дејства.

„Првите пет часа ништо, а потоа кога ја подигнав раката каде што ја примив вакцината… не можам да кажам дека чувствував болка, но само мала непријатност“, рече Путин кој истакна дека ги замолил сите да не кажуваат која вакцина ја добил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk