logo
logo
logo

Катастрофа "вредна" 400 милиони долари на час: Како ќе се деблокира Суец?

Vecer | 28.03.2021

Катастрофа "вредна" 400 милиони долари на час: Како ќе се деблокира Суец?

Огромниот товарен брод на компанијата Евергрин, чија должина е еднаква на висината на облакодерот Емпаер Стејт Силдинг во Њујорк кој се насука и го блокираше сообраќајот во Суецкиот канал беше малку ослободен од калта и малку се помести.

Веќе неколку дена бродот тежок 224 000 тони е заглавен во Суецкиот канал, загрозувајќи го глобалниот ланец на снабдување.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=Sy1y_UDHQc4&feature=emb_title[/embed]

Меѓутоа и покрај тоа сè уште е неизвесно кога потполно ќе се деблокира и ќе се врати во пловниот правец на каналот. Во меѓувреме, осмислен е план за решавање на овој проблем.

Шефот на администрацијата за Суецкиот канал, Осама Раби, изјави дека ќе се обиде да го реши проблемот со трактори денес, а притоа да ја искористи плимата и ветерот.

Тој посочил дека предниот дел на бродот вчера бил преместен со девет трактори, а откако претходно бил изваден песокот.

Тој исто така навел дека неколку фактори се важни во овој потфат, меѓу кои се ветерот, плимата и осеката.

На помош доаѓа и американската морнарица стационирана на Блискиот исток. Екипите на 260 бродови чекаат да бидат деблокирани од Суецкиот канал. Меѓу нив има 13 пловни објекти кои превезуваат стока.

Боскалис, сестринска компанија на холандската компанија СМИТ Савиџ, беше ангажирана да го реши проблемот и планира да го реши проблемот на почетокот на следната недела.

Питер Бердовски од Боскалис потврди дека тоа ќе се обиде без да ги отстрани контејнерите од бродот, долг 400 и широк 59 метри. Тој изјавил дека на пат се два трактори со влечна сила од скоро 400 тони и очекува тие да пристигнат во текот на денешниов ден.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=IT1QbgENcOM&feature=emb_title[/embed]

Тој и посочи дека предниот дел од бродот не е целосно заглавен во песок и кал, што може да биде олеснителна околност. Тој се надева дека оваа, како и очекуваната плима од 40-50 сантиметри во текот на следната недела, ќе придонесат за движење на бродот.

Бердовски рече дека постои и план Б, а тоа е да се користи кран што ќе ги отстрани контејнерите. Според него, треба да се отстранат 600 контејнери за бродот да биде полесен. Но, тој истакнал дека тоа може да биде многу предизвикувачко, бидејќи има пустина околу бродот. Затоа, се поставува прашањето каде да се остават контејнерите.

Претходно, експертите предупредуваа дека решавањето на овој проблем може да трае со денови, можеби дури и со недели.

Се претпоставува дека бродот се блокирал во каналот поради силни налети на ветерот. Поради тоа другите компании стравуваат дека ќе изгубат многу пари чекајќи да се придвижи.

Блокадата на Суецкиот канал прави загуби од 400 милиони долари на час

Товарен брод заглавен во Суецкиот канал ја блокира трговијата со стока во вкупна вредност од 9,6 милијарди долари на ден, пренесува „BBC“.

Ова значи дека глобалната економија губи 400 милиони долари за секој час доцнење предизвикано од блокадата на клучниот воден пат што ги одделува Африка и Азија.

Според „Lloyd’s“, дневниот сообраќај на стоки преку Суецкиот канал од исток кон запад изнесува 5,1 милијарди долари, а од запад кон исток е 4,5 милијарди долари.

И покрај напорите на организаторите на операцијата за спасување, бродот „Ever Given“, сопственост на тајванската компанија „Evergreen Marine Corporation“, може да остане блокиран со недели.

Пловилото е едно од најголемите пловни објекти со контејнери во светот. Има носивост од 200.000 тони и може да носи до 20.000 контејнери. Несреќата доведе до формирање на „редица“ од десетици други бродови кои чекаат да го поминат Суецкиот канал.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=xUeXNr0opUg&feature=emb_title[/embed]

Со развојот на светската трговија во последните децении, товарните бродови станаа поголеми и потешко се движат низ тесните морски ленти.

Суецкиот канал, кој ги поврзува Средоземното и Црвеното Море, е еден од најпрометните водни патишта. Низ него поминува 12% од светската трговија со стоки.

Бројките на „Lloyd’s“ покажуваат дека во моментов има повеќе од 160 бродови и танкери кои чекаат од двете страни на каналот. Во наредните денови, нивниот број ќе продолжи да расте. Покрај тоа што го одложува снабдувањето со стоки и суровини, ова води и до блокирање на самите контејнери, кои во моментов се дефицитарни на пазарот.

Ако „Ever Given“ е релативно брзо „ослободен“, повеќето транспортни компании најверојатно ќе можат да стигнат до чекор со времето. Но, ако операцијата за повлекување навистина трае со недели, тоа ќе предизвика нови потреси во глобалните синџири на снабдување кои веќе беа силно погодени од пандемијата со Ковид-19.

Најверојатно, повеќето бродови ќе мораат да ја заобиколат Африка од нејзината јужна страна, што според експертите цитирани од „ВВС“, ќе доведе до доцнење од 7 до 9 дена на секој курс.

Добавувачите претпочитаат да ги превезуваат своите стоки преку воздух или воз наместо море, но ова ќе ги зголеми трошоците за логистика, а со тоа и самите производи.

Две од водечките бродски компании „Maersk“ и „Hapag-Lloyd“ веќе објавија дека бараат опции за избегнување на Суецкиот канал.

Египетските власти задолжени за одржување на објектот се обидуваат да го отстранат заглавениот брод со помош на влечења, багери и други машини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk