Германската полиција се пофали дека разрешила случај на грабеж којшто се случил пред девет години, откако добиле ненадеен повик од страна на француската полиција.

Имено, утврдено е дека примерок од ДНК пронајден на колбас кој што го консумирала жртвата, одговара на лице уапсено во Франција за друго дело.

Полицијата во четвртокот соопшти дека колбасот го консумирала жртвата, но и дека осомничениот, 30-годишен Албанец, исто така се послужувал од масата за време на провалата во март 2012 година. Инаку, кражбата се случила во стан во Гевелсберг, пишува Гардијан

Полицијата не откри за каков колбас станува збор.

Истражителите, сепак биле изненадени добиле повик од  француската полиција која го открила соодветниот примерок на ДНК на лицето вмешано во злосторството.

Сепак полицијата соопшти дека осомничениот ќе остане на слобода и може да ја избегне казната за грабежот во 2012 година. Имено, случајот е застарен, што значи дека најверојатно нема да биде испорачан во Германија.