logo
logo
logo

Принцот Вилијам удри по Меган: Не сме расистичко семејство!

Vecer | 11.03.2021

Принцот Вилијам удри по Меган: Не сме расистичко семејство!

„Ние не сме расистичко семејство“, изјави денес Принцот Вилијам по тврдењата на Хари и Меган.

Војводата од Кембриџ е првиот член на британското кралско семејство кој лично одговори на обвинението за време на неговиот прв кралски ангажман по шокантното интервју што Хари и Меган го имаа со Опра Винфри, пренесува „Daily Mail“.

Тврдењето дека член на кралското семејство бил загрижен за бојата на кожата на Арчин уште пред да се роди, беше една од најшокантните изјави на Хари за време на интервјуто, и предизвика штета на угледот на британското кралско семејство.

Вилијам, кој беше во посета на училиште во Лондон за да ја промовира програмата за менталното здравје на децата, го бранеше угледот на неговото семејство откако еден новнинар му го постави прашањето дали кралското семејство е расистичко семејство.

А на прашањето дали разговарал со неговиот брат по интервјуто, војводата од Кембриџ рече: „Не, сè уште не сум разговарал, но ќе го направам тоа“.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=2-F2bzXdF80[/embed]

И кралицата Елизабета го прекина молкот по интервјуто во вторникот, велејќи дека е „загрижена“ за изнесените тврдења на нејзиниот внук и Меган.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk