Вакцината на компанијата Џонсон и Џонсон, која доби дозвола за употреба и во ЕУ е “омилена” на речиси сите држави и тоа поради една нејзина предност –  се дава само во една доза, не е потребна ревакцинација и е лесна за складирање.

Откако Американската егенција за лекови ФДА уште во февруари издаде дозвола за вакцината на фармацевтската фирма Џонсон и Џонсон, сега дојде одобрение и од страна на Агенцијата за лекови на ЕУ, ЕМА.

Вакцината на Џонсон и Џонсон е многу ценета, се тврди дека таа има ефикасно дејство и против мутациите на коронавирус, како и кај постарите луѓе, доволна е само една доза и лесно се складира и транспортира, пишува Дојче Веле.

Притоа, бројките не треба да внесуваат забуна – во третата на фаза на испитувањата оваа вакцина имаше ефикасност од 66 % во спречување на умерени и тешки форми на Ковид-19.

Причината за помалата вредност во однос на претходно веќе одобрените вакцини се веројатно новите мутации на вирусот, кои ги немаше во време кога беа тестирани другите вакцини.

Клиничките студии покажуваат дека вакцината на Џонсон и Џонсон е делотворна и против бразилскиот и јужноафриканскиот сој на коронавирус. Во Велика Британија оваа вакцина е веќе користена, па се знае доста за нејзината ефикасност против британската варијанта на вирусот.

Впрочем, вакцината на Џонсон и Џонсон има една голема предност – се дава само во една доза, не е потребна ревакцинација, така се овозможува заштита на повеќе луѓе во побрзо време.

Натамошни тестирања би требало да разјаснат и дали ефикасноста би можела да се зголеми со примање на две дози, како кај конкурентите.

A sign on a building at the Johnson & Johnson campus shows their logo in Irvine, California on August 28, 2019. – The US pharmaceutical industry faces tens of billions of dollars in potential damage payments for fueling the opioid addiction crisis after Oklahoma won a $572 million judgment against drugmaker Johnson & Johnson. (Photo by Mark RALSTON / AFP) (Photo credit should read MARK RALSTON/AFP via Getty Images)

Вакцините на Џонсон и Џонсон исто така можат да се транспортираат и чуваат на температура на обични фрижидери, зашто за разлика од вакцините на компаниите Фајзер и Модерна, станува збор за векторска вакцина, според дизајнот, таа е слична на вакцината на АстраЗенека.

Двете се фокусирани на спајк-протеин на површината на вирусот, поттикнувајќи заштитен имунолошки одговор.

Третата фаза на тестирање, во која учествуваа 44.000 луѓе од САД, Бразил и Јужноафриканската Република, покажа дека вакцината на Џонсон и Џонсон е еднакво ефикасна кај постарите како и кај младите лица, во однос на што постоеше сомнеж кај вакцината на АстраЗенека.

И што е најважно, никој од вакцинираните не умрел, ниту морал во болница.