logo
logo
logo

(ВИДЕО) Противниците на ерменскиот премиер насилно влегоа во владата

Vecer | 01.03.2021

(ВИДЕО) Противниците на ерменскиот премиер насилно влегоа во владата

Противниците на ерменскиот премиер Никола Пашинијан упаднаа во зградата на владата, пренесува РИА Новости.

Опозицијата одржа митинг во салата на приземјето и ги повика претставниците на министерството да не учествуваат на митингот организиран од премиерот во понеделникот.

Нивниот митинг во зградата траеше само неколку минути. Откако побараа оставка од премиерот, демонстрантите ја напуштија зградата.

Конфликтот меѓу премиерот и неговите противници, вклучително и многу припадници на армијата, трае со денови во Ерменија.

Армијата бара оставка од Пашинијан, но и оставка од целата влада, поради замерки за водење на земјата за време на конфликтот во Нагорно Карабах, територија што ја оспоруваат Ерменија и Азербејџан.

Конфликтот заврши на 9 ноември со мировен договор со посредство на Русија и оттогаш Пашинијан беше нападнат од критичари кои сметаат дека тој им го предал Нагорно-Карабах на Азербејџанците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk