logo
logo
logo

Градоначалникот после страшната бура ги збеснал сите: Снајдете се сами, градот ништо вам не ви должи...

Vecer | 18.02.2021

Градоначалникот после страшната бура ги збеснал сите: Снајдете се сами, градот ништо вам не ви должи...

Градоначалникот на Колорадо Сити од Тексас, Тим Бојд, поднел оставка откако на социјалните мрежи објавил за време на смртоносната бура која го зафатила тоа подрачје “преживеале само најсилните, додека слабите ќе пропаднат.

Бојд напишал и дека му е доста од оние кои “плачат и бараат помош“.

“Никој на вас или од вашето семејство градот не му должи ништо. Потонете или пливајте, тоа е ваш избор! Градот и округот или било која друга државна служба на вас не ви должи“, рекол и додал:

“Ќе преживеат само најсилните, а слабите ќе пропаднат. Господ ни даде начин да се снајдеме во вакви времиња. Тоа што некои веруваат дека само мал број луѓе ќе работат, а останатите ќе бараат помош, тоа е рузултат на социјалистичка влада. Да, жал ми е што некои останаа без вода и струја. Но проклет да бидам ако помогнам на некој кој тоа може сам да го направи“.

Подоцна истиот ден Бојд поднел оставка. Се извинил “поради формулацииите и за некои изрази кои ги користел“.

“Сакав да кажам дека не треба да им се помага на оние кои се способни да се погрижат за себе, но се мрзливи било што да направат“, рекол бившиот градоначалник и додал дека неговата сопруга добила отказ на работа поради неговите објави и дека примиле “пораки со омраза“.

Инаку во Колорадо Сити живеат околу 4000 жители, пишува ББС.

Многу жители на Тексас останале без струја поради големата потрошувачка за време на бурата. Во Хјустон жена и дете починале од труење со јагленомоноксид додека се обидувале да го загреат автомобилот, додека четири лица умреле во пожар во куќа во Шугар Ленд. Севкупно во Тексас за време на бурата страдале најмалку 10 лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk