logo
logo
logo

Немаат шприцови, па решиле да фрлаат Фајзер факцини

Vecer | 16.02.2021

Немаат шприцови, па решиле да фрлаат Фајзер факцини

Лекарите во Јапонија ќе треба да фрлат дел од вакцините против коронавирусот од американската фармацевтска компанија „Фајзер, поради недостиг на специјални шприцеви, соопшти денеска генералниот секретар на јапонската Влада, Кацунобу Като.

Тој вели дека Токио во момнтов преговара со неколку производители на вакви специјални шприцеви, додавајќи дека воопшто не е лесно да се купи точна количина, а воедно и нема толку многу во светот.

Секоја вијала од вакцината на „Фајзер“ содржи количина за шест инјекции, но само специјални шприцеви можат да ја извадат целосно. Со обичен шприц, пак, може да се извлечат само пет дози од вакцината.

„Останатиот дел од содржината на ампулите ќе треба да се фрли“, признава генералниот секретар на кабинетот.

Поради тоа, со веќе нарачаната серија вакцини од „Фајзер“ ќе можат да се вакцинираат околу 60 милиони луѓе, наместо првично планираните 72 милиони.

Вакцинацијата ќе почне утре.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk