logo
logo
logo

Вашингтон Пост: Руската вакцина Спутник В ја очекува светски успех

Vecer | 11.02.2021

Вашингтон Пост: Руската вакцина Спутник В ја очекува светски успех

Во американскиот весник Вашингтон Пост е објавена статија посветена на вакцината против коронавирус Спутник В. Авторот на текстот признава дека спрема овој препарат, како и спрема руската наука во целина, на Запад, а особено во САД, постоеле силни предрасуди.

Меѓутоа, сега треба да се признае дека тие биле погрешни и неправедни, заклучува Вашингтон Пост.

„Станува сé поочигледно дека Спутник В, вакцината наречена по првиот вештачки сателит на Земјата, благодарение на кој СССР првично ја надмина Америка во вселенската трка, би можел да постигне глобален успехˮ, пишува новинарот.

А уште сосем неодамна приказните за руска вакцина предизвикуваа само насмевка. Весникот го наведува мислењето на Стивен Морисон, директор на Центарот за глобална политика на здравствената заштита при Центарот за стратешки и меѓународни истражувања во Вашингтон.

„Навикнавме да тврдиме дека најдобрите научници ја напуштиле Русија во потрага по подобро платени работи во Европа и САД. Но, најновиот развој на настаните во целост ги побива таквите ставови.

Гледаме аргументи во полза на квалитетот на руската наука и нејзината приврзаност на моралните принципи, иако спрема неа се однесуваат со игнорирање и надменост“, заклучува стручњакот.

Вашингтон Пост смета дека руската вакцина станува фактор на „меката силаˮ на Москва, која на тој начин стекнува позиции во ЕУ, каде веќе германската канцеларка Меркел лично го поддржа овој препарат, доколку го одобри Европската агенција за лекови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk