Шумски пожари избувнаа во неколку региони во последните денови, вклучувајќи ги Измир, Бурса, Текирдаг и Адана, а противпожарните служби се на местото на настанот.
Од друга страна, регионот Ризе побеле, особено висорамнината Баликли, која се наоѓа на околу 2.400 метри надморска височина, објавува „Хабер“.
Во тој регион надлежните служби интензивно работат на расчистување на патиштата од снег.
Во областите со голема надморска височина во регионот на Црното Море, како што е Ризе, снегот понекогаш паѓа во текот на летните месеци, но врнежите од овој интензитет се ретки.
Експертите посочуваат на ефектите од климатските промени и предупредуваат дека ваквите феномени би можеле да станат почести.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата