logo
logo
logo

6 ерменски војници ЗАРОБЕНИ во Азербејџан

Vecer | 27.05.2021

6 ерменски војници ЗАРОБЕНИ во Азербејџан

Азербејџан зароби шест ерменски војници во раните утрински часови, објавија министерствата за одбрана на двете земји, кои минатата година се бореа за регионот на Нагорно Карабах.

Министерството за одбрана на Азербејџан ги обвини ерменските војници дека се обиделе да преминат на територијата на Азербејџан, пренесува Ројтерс. Ерменското Министерство објави дека војниците вршеле инженерска мисија во пограничната област на источниот регион Гегаркуник.

„Се преземаат неопходните мерки за враќање на заробените војници“, додаде ерменското министерство.

На почетокот на овој месец, Ерменија го обвини Азербејџан за испраќање трупи преку границата, демонстрирајќи ја кревкоста на мировниот договор меѓу двете земји постигнат со посредство на Русија,а со кој запреа шестнеделни борби меѓу етничките ерменски сили и азербејџанската армија во Нагорно Карабах минатата година .

Во тој конфликт, Азербејџан успеа да ги протера ерменските сили од делови од териториите што ги контролираа од 90-тите години на минатиот век во регионот. Баку во вторникот ги отфрли тврдењата дека пукал во ерменските позиции преку границата. Ереван тврди дека еден од неговите војници бил убиен во тоа пукање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk