50 луѓе загинаа, а 80 се повредени при судир на два автобуси во Зимбабве

Во судир на два автобуси во Зимбабве загинаа најмалку 50 луѓе, додека 80 се хоспитализирани поради добиени повреди од сообраќајната несреќа.

Официјалните претставници соопштија дека многумина од повредените се здобиле со сериозни повреди.

Несреќата се случила во близина на градот Русапе, кој се наоѓа на околу 170 километри од главниот град Хараре.

Според засега добиените податоци до несреќата дошло откако едниот од автобусите се обидел да ги заобиколи два камиони, и тоа на дел од патот каде што било забрането преткнување, пишуваат тамошните медиуми.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари