logo
logo
logo

27 мигранти загинаа при потонување на брод на каналот Ла Манш, во обид да стигнат до Британија

Vecer | 25.11.2021

27 мигранти загинаа при потонување на брод на каналот Ла Манш, во обид да стигнат до Британија

Мигрантите од Франција заминале кон Велика Британија со брод кој потонал недалеку од францускиот град Кале.

Францускиот премиер Жан Катекс изјави дека бродската несреќа е „трагедија“„моите мисли се со многуте исчезнати и повредени жртви на криминални шверцери кои ја злоупотребиле нивната ситуација“, рече Катекс.

Уапсени се четворица осомничени трговци со луѓе .Тесниот воден пат меѓу Британија и франција е една од најпрометните бродски ленти во светот.

Бегалците и мигрантите кои бегаат од конфликти, прогонство и сиромаштија во најсиромашните земји во светот или зафатени од војна го ризикуваат опасниот премин, често во гумени чамци непогодни за патување и на милост и немилост на шверцерите на луѓе, надевајќи се дека ќе побараат азил или економски можности во Британија. Француските и британските власти спроведуваат спасувачка операција на Ла Манш, на море и од воздух. Најмалку пет лица се извлечени од морето во несвесна состојба. Три хеликоптери и три брода трагаат по исчезнатите.претходно оваа недела, британскиот министер за внатрешни работи прити пател го опиша како „неприфатлив“ бројот на мигранти што ја напуштаат Франција.Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека е „шокиран, револтиран и длабоко натажен“ од загинувањето на мигрантите  во Ла Манш и вети дека ќе „направи повеќе“ со Франција за да ги спречи илегалните преминувања во Британија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk