157 илјади луѓе евакуирани поради пожарите во Калифорнија

Поради пожарите кои беснеат низ Калифорнија евакуирани се 157.000 луѓе, изјави директорот на Канцеларијата за управување со вонредни ситуации на оваа американска сојузна држава, Марк Гилардучи.

Пожари горат на север и југ од Калифорнија, а огнената стихија во близина на градот Парадајс во северниот дел се проширила на речиси 285 километри квадратни, пренесе агенцијата АП.

Вториот пожар, кој погодил област северозападно од Лос Анџелес, поради силните ветришта се шири кон југ, односно кон океанот. Во ова подрачје беше наредена евакуација на целиот град Малибу, монденско летувалиште во близина на брегот.

Во три големи пожари кои брзо се шират, уништени се неколку илјади објекти.

Се очекува ветриштата да загубат на сила во попладневните часови по локално време, што ќе им овозможи на пожарникарите да започнат со гаснење на пожарите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари