logo
logo
logo

13 НОВИНАРИ ПРИВЕДЕНИ во Германија за време на протест

Vecer | 05.06.2021

13 НОВИНАРИ ПРИВЕДЕНИ во Германија за време на протест

Германската полиција соопшти дека се приведени 13 новинари додека известувале за еколошки демонстрации против изградба на пат во Берлин.

Новинарите ја покривале блокадата на градилиштето на автопатот А100, која е организирана од активисти на групата „Песок во запчаници“ (Sand im getriebe).

Полицијата соопшти дека новинарите влегле на градилиштето заедно со активистите и ги третирале како демонстранти.

Тие се под истрага за неовластено влегување на градилиштето.

Здружението на новинари ДЈУ ја обвини полицијата дека спречувала новинари да си ја вршат својата работа.

На протестот имало околу 300 учесници.

Полицијата однесе неколку учесници во протестот, додека другите дозволиле да заминат по фотографската идентификација.

Еколошките групи велат дека изградбата на нови патишта во Берлин и другите делови на Германија ги поткопува нејзините напори за намалување на емисиите на стакленички гасови.

Активистите тврдат дека милијарди евра потрошени на патишта може да се искористат за инвестирање во транспортна инфраструктура како што се железници, што не ја уништува климата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk