logo
logo
logo

Гардијан: Бегалки од Украина ЦЕЛ НА СЕКСУАЛНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА

Vecer | 29.03.2023

Гардијан: Бегалки од Украина ЦЕЛ НА СЕКСУАЛНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА

Низ Европа има зголемен интерес за порнографски материјали со украински бегалци, кои се повеќе се мета на сексуална експлоатација, објави британски „Гардијан“.

Весникот се повикува на истражувачите на Томсон Ројтерс кои откриле дека украинските бегалци може да бидат жртви на трговци со луѓе на терен и сајбер-воајери.

Тие немаат конкретни податоци за жртвите, но ова го заклучуваат врз основа на зголемениот интерес за порнографија со Украинки на интернет прелистувачите откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Зголемениот интерес може да ги поттикне трговците со луѓе да се вклучат повеќе. Затоа аналитичарите повикуваат на зајакнување на заштитата на украинските жени и деца кои се изложени на ризик од сексуална експлоатација.

Во јануари, 13 видеа, за кои се тврди дека прикажуваат избегани Украинки, биле прегледани 275.000 пати.

По избувнувањето на војната во Украина во февруари 2022 година, веќе следниот месец, пребарувањата за сексуални содржини на Интернет поврзани со Украинки се зголемија за 300 проценти. Во Велика Британија потрагата по „украински придружници“ се зголемила за 200 отсто во споредба со шест месеци пред почетокот на војната. Во Шпанија бројот на пребарувања на терминот „украинска порнографија“ е зголемен за 600 отсто, а во Полска за 130 отсто. Зголемување на пребарувањата за овие термини е забележано и во Австрија, Чешка, Данска, Франција и Швајцарија.

„Томсон Ројтерс“ работи со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за да ја подигне свеста за потенцијалната сексуална експлоатација на ранливите бегалци од Украина. Тие започнаа кампања за да ги охрабрат земјите да им помогнат на жените бегалци од Украина да ги забележат трговците со луѓе и да ги информираат како да се заштитат.

Валијант Ричи, координатор на ОБСЕ за борба против трговија со луѓе, предупредува дека големата побарувачка од мажите за секс со украински жени и девојки „создава огромен поттик за трговците со луѓе да регрутираат ранливи луѓе со цел да го исполнат тоа барање и да профитираат од тоа“. Тој вели дека веќе нашле директни докази за обиди за регрутирање на разговори што ги користат Украинците.

Хедер Фишер, експерт за човекови права во Томсон Ројтерс, предупредува дека нивната најнова анализа на податоци покажува дека онлајн побарувачката за сексуално експлицитен материјал поврзан со бегалците од Украина ги тера трговците со луѓе да ги принудуваат и намамат жените и децата на сексуална експлоатација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk