Вучиќ
„Србија НЕМА ДА ГЛАСА ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ на Русија од Советот за безбедност“

Претседателот на Србија рече дека е речиси сигурен оти Западот ќе се обиде да ја исклучи Русија од Советот за безбедност на ОН.
Но, како што рече Србија нема да поддржи таков потег.
„Србија нема да гласа за такво нешто, за ограничување на правото на вето или за исклучување на Русија. Таму немаме дилема. За тоа им треба двотретинско мнозинство. Може да се повикаат и на фактот дека Русија не е правен наследник на СССР, вели тој.
Според Вучиќ тоа би било рушење на меѓународниот правен поредок.
„За една од тие одлуки, тие треба Кина да покаже воздржаност. Господ знае што можат да направат. Тоа не е ниту далеку ниту невозможно. Тоа би било катастрофа за нас. Поради КиМ, секако“, истакна тој.