logo
logo
logo

Гориво ЗА ЕДНО ЕВРО, кој начекал си наточил ПОСЛЕ ЈА ВИДЕЛЕ ГРЕШКАТА

Vecer | 22.09.2022

Гориво ЗА ЕДНО ЕВРО, кој начекал си наточил ПОСЛЕ ЈА ВИДЕЛЕ ГРЕШКАТА

Бензинска пумпа во германскиот град Геролхофен во сојузната покраина Баварија случајно продавала гориво по цена нешто повисока од едно евро за литар.

Како што пренесуваат медиумите, супер плус на таа пумпа чинел 1.029 евра за литар. Поради евтино гориво, во вторникот попладне имаше навалица.

Цистерна од 3.000 литри беше испразнета доцна во ноќта“, вели закупецот на пумпата.

Во средата наутро литар супер плус бензин повторно чинеше 2.099 евра, пишуваат германските медиуми.

Како што беше соопштено во средата од компанијата чија е пумпата, вработениот згрешил при внесувањето на цената на горивото. Во 21:41 резервоарот бил празен.

Од пумпата се уште не можат да кажат колку литри гориво се продадени по пониска цена. Сега ова се третира како несакана промотивна распродажба и компанијата не ги обвинува возачите кои евтино ги наполниле резервоарите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk