logo
logo
logo

Ќе гасат улични, ОТСЕГА ПЛАНИРААТ ДА ШТЕДАТ ЗА НОВА ГОДИНА

Vecer | 13.08.2022

Ќе гасат улични, ОТСЕГА ПЛАНИРААТ ДА ШТЕДАТ ЗА НОВА ГОДИНА

Енергетска криза ја зафати Австрија, па општините почнаа да ги „исклучуваат“ уличните светла.

Општината Фукс, во областа Пинцгау, го укина уличното осветлување во текот на ноќта, пишува весникот „Салцбургер нахрихтен“.

Во текот на зимата, пак, најавуваат дека уличното осветлување повторно ќе се вклучува од 5:30 часот, бидејќи тогаш се уште е темно, а луѓето одат на работа.

Според градоначалникот Ханес Шертанер, со оваа мерка секоја светилка ќе работи околу 2.000 часа помалку годишно.

Исклучувањето на уличното осветлување ќе донесе големи заштеди на општината бидејќи со повеќе од 26.000 киловат часови годишно, уличното осветлување е најголема потрошувачка по пумпите за базен.

Со цел да заштеди уште повеќе енергија, општината одлучи да премине на улично осветлување со ЛЕД светилки.

А Виена веќе донесе одлука за зимата, па оваа година нема да има божиќно осветлување на централната улица Виена Ринг.

Божиќните светилки ќе останат на Ратхаусплац, но ќе се вклучуваат само по стемнување, а не во самрак како порано.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk