Анализа со наслов “Крајот на светот со цел како што го знаеме“, објави CNN, во која се наведува дека ова време е збунувачко за Американците.

Од една страна, членовите на Владата објаснуваат дека дошло време САД да се повлече од Авганистан, а од друга страна ја убедуваат јавноста дека е време да се застане на страната на Украина, на чија источна граница веќе има распоредено повеќе од 100.000 (руски) војници.

Ова е време во кое Американците сакаат да се минимизира ангажирањето на армијата надвор од границите на САД, со што НАТО е под притисок, и автократски силите со експанзивна тенденции, како што се Русија и Кина, дејствуваат повеќе охрабрени и тоа како сојузници.

Ерата на Америка како суперсила е на тест – и тоа ширум светот, вели Си-Ен-Ен.

Источна Европа

Дури 30 години по распадот на Советскиот Сојуз, Русија со воени маневри се заканува со интервенција во Украина, една од поранешните советски републики.

На Владимир Путин предвид особено му пречи пост-советското проширувањето на НАТО. Бајден и неговата администрација ставија 85.000 американски војници во состојба на воена готовност, со цел да се спречи Русија и убеди НАТО и сојузниците во одлучноста на САД.

Западна Европа

На Американското влијание во Европа му е потребна поддршка. Да се ​​обединат НАТО сојузниците и ЕУ против Русија, додека Америка ја игра улогата на енергетски брокер кој бара гаранции за дотур на енергија од Блискиот Исток и од Азија во Европа, со цел да се ублажи енергетската зависност од Русија, која е главниот снабдувач на природен гас во Германија.

Азија

Азија за САД е тестирање на автономија на Тајван, на островот, кон кои Кина веќе некое време покажува намера за присвојување и ги разместува нејзините воени авиони во мисии во близина на Тајван. Најголем таков упад се случи само еден ден откако САД со Јапонија ја пресели флотата на поморски бродови во Филипинското Море, како дел од воени вежби.

Среден Исток

Американските воени бази во Ирак и Сирија оваа година се најдоа под напад. Оваа недела со проектили Патриот САД, во соработка со Обединетите Арапски Емирати, пресретна ракети истрелани од Јемен од бунтовниците Хути врз воздухопловната база на Ал-Dahra (ОАЕ), каде што има американски војници.

Се разбира, проблем потои и околу постои Иран. САД под водството на Доналд Трамп го саботираше меѓународниот договор за запирање нуклеарна ескалација, сега Иран би можел да го забрза својот пат кон нуклеарно оружје.

Сите од горенаведените ситуации не се од вчера, но прашање е што се повеќе се наметнува е каков вид на улога игра Америка во нив и нивното решавање. Тензиите околу Украина покажуваат дека противниците на САД чувствуваат нивна слабост и гледаат можност за сопствено напредување.

“Предизвиците зе авторитетот на САД доаѓаат во време кога во странство постои општа распространета перцепција дека Вашингтон веќе не е онаа сила која беше во втората половина 20-от век”, пишува за CNN аналитичарот Стивен Колинсон.

“И покрај уверувањата Џо Бајден дека “Америка се вратила”, хаотичното повлекување од Авганистан минатата година ги отворија прашањата на американската компетентност и посветеност. Американската противници знаат дека Американците се исцрпени во последните 20 години од војните во странство, тоа е фактор кој може да создаде можност за проценка со тезата дека во Вашингтон од политички причина може да доживеат неуспех во остварувањето на своите стратешки определби “, додава Колинсон.

Рускиот претседател Путин е директно или индиректно вклучени во сите овие проблеми – од Украина преку Сирија па се до Азија.

Иако никој со сигурност не знае што точно планира Путин, Фиона Хил, експерт за Русија која порано работела за Белата куќа за Њујорк Тајмс пишува дека таа точно знае што сака Путин, барем што се однесува до Украина, “Путин сака САД да иселат од Европа “.

Џил Доерти, друг експерт и поранешен шеф на Си-Ен-Ен во дописништвото од Москва, се согласува со тоа. “Русија сака да одигра свое завршување на Студената војна”. На Путин за тие намери му помагаат и руските државни медиуми со формирање на ставовите на руската јавност.

Путин смета дека американската моќ е во надолен тренд, пишува американскиот весник Хил. Путин “смета дека Америка сега е во иста ситуација како Русија по распадот на Советскиот Сојуз: ослабени дома и во повлекување надвор”.

На тензиите во Украина, пишува Хил, Америка мора да биде силна за да се одговори соодветно, и тој одговор да одекне низ светот.

Со предизвикот кој Москва му го наметнува на НАТО, агресијата на Путин во Украина може да биде закана за  “целиот систем на Обединетите нации и да го загрози аргументите со кои се гарантира суверенитетот на земјите-членки на ОН од крајот на Втората светска војна – нешто како инвазијатата на Кувајт од Ирак во 1990 година, но во многу поголем обем.”

Западот не е целосно обединети околу ова прашање на Русија

Иако геополитички влоговите се високи, економскиот притисок на Путин ја намали можноста за создавање на заеднички, единствен одговор на Европа.

Како што пишува за бизнис Си-Ен-Ен Ивана Котасова од Лондон, клучен фактор на геополитичките криза стана гасоводот Северен поток 2, кој води до Германија и носи руски гас заобиколувајќи ја Украина.

За разлика од другите западни демократии, Германија не вети дека ќе испрати оружје и војска за Украина и се уште не се подготвени за вклучувањето на Северен поток како услов во подготовките за санкции против Русија.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење