Звезда е новиот српски шампион, Партизан со груба игра до пораз

По две ипол години Црвена Звезда го победи Партизан во нивните вечни дербија. Звезда беше доминантна, особено во првото полувреме, и успеа да даде два гола и создаде најмалку уште три сериозни шанси и покрај грубата и остра игра на Партизан. По ова, со девет бодови предност, Црвена звезда е шест кола пред крајот пратично шампион на Србија.

Црвена Звезда е многу блиску до титулата во шампионатот на Србија откако со 2-1 славеше во „вечното дерби" против Партизан.

„Црвено-белите" во меч со многу тензија на кој му претходеа и судите меѓу двете навивачки групи по улиците на Белград, триумфот си го решија во само две минути. Најпрво стрелаше Радоњиќ во 18. минута, а потоа во 20. минута погоди и Пешиќ за 2-0

Партизан со голот на Озеговиќ во осмата минута од судиското продолжение, во последните секунди од мечот, успеа само да го ублажи поразот.

Дербито го одбележаа и бројни инциденти на трибините поради што мечот и во неколку наврати беше во прекин, за на крајот во 98-та минута да се претвори во тепачка на теренот по што Доналд кај Звезда и Сума од Партизан заработија директно исличување.

Поврзани

Најнови вести

Коментари