РАМОС ЈА ПРОДОЛЖИ ВОЈНАТА СО ПИКЕ

Зошто се чуди, свирежите беа очекувани?!

Пике и Рамос не кријат дека имаат различни политички ставови, а често пати влегле во клинч за време на првенствените дуели помеѓу екипите на Барселона и Реал (М)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Шпанија и на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Серхио Рамос, изјави дека не бил изненаден од свирежите кои за време на тренингот ги добил неговиот партнер во дефанзивната линија, Жерард Пике.

Централниот дефанзивец на Барселона не крие дека Каталонија ја сака повеќе од Шпанија, а во неделата гордо позираше додека гласаше на референдумот за независност на Каталонија.

Неколку пати му кажав да не се меша во политиката и дека тоа не му е паметно, но тој се чуди зошто му свиркаат. Нормално дека ќе му дадеме поддршка како тим, но мора да признаам дека не сум изненаден од тоа што се случи за време на последниот тренинг. Се надевам дека подобро ќе реагира кога ќе се најде во некаква слична ситуација, изјави Рамос.

Пике и Рамос не кријат дека имаат различни политички ставови, а често пати влегле во клинч за време на првенствените дуели помеѓу екипите на Барселона и Реал (М).

Поврзани

Најнови вести

Коментари