logo
logo
logo

Зошто Ѓоковиќ СЕ ДРУЖИ СО „ЧУДАЦИ“

Vecer | 09.05.2021

Зошто Ѓоковиќ СЕ ДРУЖИ СО „ЧУДАЦИ“

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ честопати е во друштво на луѓе кои предизвикуваат доста бурни реакции во јавноста поради своите контроверзни ставови.

Желбата на Новак Ѓоковиќ да ги прошири своите хоризонти го натера да се дружи и да соработува со луѓе кои за некои се генијалци, а за други само обични шарлатани.

Повторната посета на Пирамидите на Сонцето во Босна ја потврди желбата на Ноле да биде дел од откривање на досега непознати работи и места каде што ќе има целосен мир и од каде ќе оди на нови победи. Најдобриот тенисер на светот во БиХ останува кај Семир Османагиќ, истражувач и археолог (многумина не ја признаваат неговата титула).

Сите се сеќаваат на соработката на Ноле со Имаз, кој исто така важи за контроверзна фигура. Исто такка тука е и проектот на Ѓоковиќ со Бранимир Несторовиќ, кој  исто така спаѓа во групата луѓе кои никого не оставаат рамнодушен.

Покрај сето тоа, Ноле ги чита и книгите на професорот Деретиќ, а додека читаше една, зборуваше дека  секој од нас треба да биде со отворен ум и да направи свое истражување.

- Да се ​​биде свесен дека вистината е некаде помеѓу. Ако следиме една страна од информациите, тоа тешко може да не направи реални - рече Ноле и додаде:

- Читањето на делата на г-дин Деретиќ, Видојевиќ и Дамјановиќ многу ме инспирира. Изреката дека сме небесен народ не е случајна. Таму ќе завршам. Јас се стремам кон тоа дека сме домородци, има многу докази. Поздрав до сите оние кои се борат за вистината.

Кои се тие, што прават и што мислат луѓето за нив

Семир Османагиќ

Професија: истражувач и археолог

Контроверзии: Многумина не ја признаваат неговата работа и професија и ги сметаат овие наводни пирамиди како една голема измама.

Бранимир Несторовиќ

Професија: педијатар, пулмолог, алерголог

Контроверзии: Во својата професија, без никаква дилема, еден од најдобрите лекари на планетата, но со ставови надвор од „неговиот кругот на работата“, тој предизвикува бурни реакции, особено за време на пандемијата.

Пепе Имаз

Професија: тренер за тенис, психолог, основач на училиште што ја промовира филозофијата на „љубов и мир“

Контроверзии: Тој стана омразен поради неговите ставови коишто му ги пренесе на Новак, а повеќето сметаа деа тоа беше причината за послабите резултати на српскиот ас во тој период.

Јован Деретиќ

Професија: писател, историчар

Контроверзии: Тој јавно објави бројни тврдења од историјата на српскиот народ кои предизвикуваат контрадикторни реакции во јавноста. Една од нив: Србите се победници во битката на Косово во 1389 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk