logo
logo
logo

Зошто Ѓоковиќ НЕ БЕШЕ НА ОТВОРАЊЕТО на Олимписките игри?

Vecer | 23.07.2021

Зошто Ѓоковиќ НЕ БЕШЕ НА ОТВОРАЊЕТО на Олимписките игри?

Помина парадата на сите олимписки екипи на презентацијата во Токио, вклучувајќи ја и Србија.

Меѓутоа, во групата српски олимпијци немаше најголема ѕвезда, веројатно цела Олимпијада - Новак Ѓоковиќ.

Новак кој е „мета“ на многу колеги за фотографирање во главниот град на Јапонија, практично на секој чекор, реши да го пропушти свеченото отворање на најголемиот спортски настан.

Причината за тоа е што тој сакал да се одмори пред мечот со Уго Делиен, кој е на програмата во сабота во раните утрински часови.

Првиот тенисер во светот треба да биде на теренот околу девет часот, па решил да одмори на најдобар можен начин и да се подготви за почетокот на натпреварувањето.

Ѓоковиќ во текот на денот имаше тренинг со британецот Енди Мареј.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk