logo
logo
logo

Зоран Мамиќ: Подготвен сум да одам во затвор, ќе си ја отслужам казната, а потоа сакам нормален живот

Vecer | 19.03.2021

Зоран Мамиќ: Подготвен сум да одам во затвор, ќе си ја отслужам казната, а потоа сакам нормален живот

Доскорашниот тренер на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ, истакна дека е подготвен да оди во затвор, и да си ја одлежи казната, доколку судот ја потврди висината на затворската казна од 4 години и осум месеци за давање мито, неплаќање данок како и за нелегално посредување во трансфери.

Мамиќ истакна дека е невин, но доколку биде потврдена казната, ќе ја одлежи.

„Уште еднаш ќе кажам дека сум невин. Ќе се борам до крај, но ако судот одлучи дека тоа ќе биде конечната одлука, подготвен сум да одам во затвор и да си ја одлежам казната. После тоа само сакам нормално да живеам. Тоа е се“, истакна Мамиќ.

Откако беше изречена казната, Мамиќ поднесе оставка од функцијата тренер на Динамо.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk