logo
logo
logo

ЗНАЕЈЌИ НИЗ ШТО ПОМИНАВ... Ѓоковиќ прозборел за Австралија опен

Vecer | 16.11.2022

ЗНАЕЈЌИ НИЗ ШТО ПОМИНАВ... Ѓоковиќ прозборел за Австралија опен

На Ноле конечно му е дозволено да игра во Мелбурн.

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето на завршниот турнир во Торино, откако денеска во мечот од второто коло на “Црвената група“ го совлада Русинот Андреј Рубљев со 6:4, 6:1.

Ноле по триумфот проговори и за неодамнешната одлука на Австралија, која ја потврди и “Би-Би-Си“, дека му е укината забраната за влез во оваа земја, за да може да настапи на Отвореното првенство во Мелбурн.

- Секако дека бев многу среќен вчера кога ја добив веста. Ми олесна кога дознав низ што поминавме јас и моите луѓе оваа година во Австралија и после сето тоа. Сигурно не можев да добијам подобра вест - изјавил Ѓоковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk